петок, 25 октомври 2024

Германија: Русија дошла до разговорот за ракетите во Украина по човечка грешка

Германија во повеќе наврати одби да ѝ испрати на Украина од своите ракетни системи со долг дострел „таурус“, наведувајќи го како причина ризикот од ескалација. Но на аудио-снимката која минатата недела ја објави РТ, четири високорангирани германски воени офицери, меѓу кои и командантот на воздухопловните сили, разговарале токму за испраќање на тие ракети во Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа ми покажува дека постои некаков вид несогласување меѓу врховните команданти и тоа што тие го гледаат како изводливо, односно она што го сакаат политичките лидери. А тоа доведува до прашањето – какви се тие односи“, вели Марина Мирон, аналитичарка од Кралскиот колеџ во Лондон.

На снимката офицерите шпекулираат за тоа дали ракетите „таурус“ би можеле да го погодат Керчскиот мост, кој го поврзува Крим со Русија.

Снимката укажува и на тоа дека има британски војници во Украина и дека ги обучуваат украинските сили како да ги користат ракетните системи Сторм Шедоу, кои Лондон му ги испрати на Киев. Британската влада не ги коментираше овие наводи.

Русија тврди дека снимката ја покажува вмешаноста на „колективниот Запад“ во конфликтот. Берлин не ја негираше автентичноста на снимката.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус кажа дека системите за комуникација на владата не се компромитирани.

„Причина за тоа е што телефонскиот повик сепак можел да биде снимен во редовите на воздухопловните или е индивидуална грешка со апликацијата. Не се придржувале сите учесници до пропишаните безбедносни процедури“.

Западните сојузници се прашуваат какви други разузнавачки податоци Русија можела да собере.

„Она што ние не го знаеме е – што друго знаат Русите. Ова е еден повик кој се одлучиле да го објават. Русија веројатно знае за сите испораки на оружје и за тоа каде тие се одвиваат. А тоа е многу сериозно. Особено во контекстот на довербата кога станува збор за размената на разузнавачките податоци меѓу Германија и другите партнерски нации“, вели Мирон.

„Мислам дека тоа, нормално, оди во корист на Русија. Бидејќи идејата на Русија не е да се бори директно во отворена војна со НАТО, туку да ја дестабилизира Алијансата од внатре“, додава таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ