четврток, 24 октомври 2024

Германија има сериозен проблем поради нападите на Хутите во Црвено Море

Германската индустрија поради отежнатиот сообраќај низ Суецкиот канал и штрајковите на железницата засилено се соочува со недостиг од материјали и суровини, соопшти денес економскиот институт Ифо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај конфликтот во Црвено Море и повеќекратните штрајкови на германските железничари придонесоа сè повеќе претпријатија да се соочат со недостиг од суровини и делови“, соопшти институтот Ифо. Според истражувањето, во февруари 14,6 отсто од претпријатијата пријавиле дека имаат проблеми со производството поради недостиг од суровини и делови. Во јануари истото го пријавиле 12,5 отсто.

Недостигот особено ги погодува хемиската, електронската и автомобилската индустрија. На крајот на јануари произведувачот на електрични автомобили Тесла на две недели го прекина производството во својата фабрика кај Берлин поради недостиг од електронски компоненти.

Главниот проблем е отежнатиот промет низ Суецкиот канал поради нападите на Хутите од Јемен на трговските бродови кои минуваат низ теснецот меѓу Арапскиот полуостров и Африка. Од минатата недела за заштита на бродовите во овие води се наоѓа и една германска фрегата.

Ифо истовремено укажува дека актуелната ситуација не може да се спореди со периодот на пандемијата на коронавирусот, кога 81 отсто од претпријатијата го намали или прекина производството поради прекинот на снабдувачките синџири.

„Во моментов недостатоците и намалените испораки не претставуваат темелен проблем за индустриското производство“, се наведува во соопштението на германскиот институт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ