понеделник, 21 октомври 2024

Германија ги забрани активностите за поддршка на Хамас

Германија ги забрани активностите со кои се обезбедува поддршка на палестинскиот Хамас, а особено активностите на едно здружение чии членови изразија поддршка за таа исламистичка група во нејзината борба против Израел.

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со Хамас целосно ги забранив активностите на организација чија цел е уништување на државата Израел“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 12 октомври најави дека Министерството за внатрешни работи ќе издаде забрана за активности за поддршка на Хамас во Германија и организации како „Самидун“ чии членови „отворено ги слават најбруталните терористички акти на улица“.

Во 2003 година, Европската унија го прогласи Хамас за терористичка организација.

„Самидун“ е организација која шири антиизраелска и антиеврејска пропаганда под покритие на здружение за солидарност со затворениците, рече Фезер.

Таа организација поддржуваше и славеше разни други странски терористички организации, вклучително и Хамас, рече таа.

„Самидун“, кој ги организираше таканаречените спонтани демонстрации како одговор на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, ја покажа „својата визија за антисемитски и нехуман свет“, опиша министерката.

Германија има регистрирано стотици кривични дела поврзани со војната меѓу Израел и Хамас од почетокот на нивниот конфликт. Тие вклучуваат серија антисемитски инциденти, како што е фрлањето молотови коктели врз синагога во Берлин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ