среда, 23 октомври 2024
Шефот на грчката дипломатија по НАТО-самитот

Герапетритис: Новата власт на Северна Македонија систематски го крши Договорот од Преспа

Државниот врв на Северна Македонија систематски го прекршува јадрото на Договорот од Преспа“, истакнува министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во писмената изјава за денешното издание на весникот „То Вима“ по повод завршувањето на НАТО Самитот, велејќи дека на состанокот на Алијансата била спомената и потребата да се почитува овој договор.

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на грчката дипломатија посочи дека „Грција претставува столб на стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран, имајќи предвид дека значително го има надградено својот дипломатски капитал благодарение на принципиелната надворешна политика што ја спроведува“, пренесува МИА од Атина.

„Грчката страна го истакна прашањето за посветеноста на сите членки на НАТО кон меѓународното право и меѓународните договори, што ја претставуваат основата на глобалната безбедносна архитектура. Посебно осврнување имаше на должното верно почитување на Договорот од Преспа, чиешто јадро систематски го прекршува новото политичко и државно раководство на Северна Македонија“, вели Герапетритис во писмената изјава за весникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ