Од ССМ денеска информираа дека посетата ќе се реализира од 1 до 3 септември, а претставниците на ETUC ќе бидат запознати со состојбата и текот на постапките пред надлежните органи во земјата и пред Меѓународниот суд за човекови права за оспорување на незаконитата одлука на Врховниот суд со која во корист на државата е конфискуван Работнички дом, кој е сопственост на работниците и на ССМ повеќе од 70 години.
„ETUC ја изрази својата поддршка на ССМ во врска со одземањето на имотот и се обрати до Делегацијата на ЕУ во државата, амбасадорот Дејвид Гир, како и до македонскиот амбасадор во Брисел за нивен ангажман во насока на заштита на имотот на синдикатот како една од суштинските претпоставки за слобода на синдикално здружување, организирање и функционирање. Посетата на највисоко ниво на претставници на Европската Конфедерација на Синдикати (ЕТUC) и нивната поддршка на ССМ покажува дека секогаш мора да се обезбеди почитување на синдикалните права, а ова особено во земја како нашата која е во процес на пристапни преговори за членство во Европската Унија“, нагласуваат од ССМ.