вторник, 22 октомври 2024

Генерал-мајорот Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на Армијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за Началник на Генералштабот на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

Свеченото примопредавање на должноста Началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ