вторник, 22 октомври 2024

Газдите презеле мерки за безбедност по двете несреќи во Пробиштип, утврди ДИТ

Преземени се мерки за безбедност од страна на работодавачите, констатирал трудовиот инспектор по двете несреќи во рудникот за олово и цинк во село Добрево и во фабриката за акумулатори во Пробиштип.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од Државниот трудов инспекторат (ДИТ) за МИА  велат дека завчера се случила несреќа при работа во која е повреден Т. Ј. од Пробиштип, вработен во рудникот Булмак 2016 од Пробиштип.

„Повредата се случила при извршување на работни активности на обезбедување на работилиштето, во моментот додека вршеле работна операција – дупчење, дошло до отцепување(одрон) на парче карпа од кровинскиот дел на јамата, која при падот го удирл работникот по телото и му нанесол потешки повреди. При увидот во доставената документација, работодавачот ги има преземено мерките за безбедност согласно Законот за безбедност и здравје при работа“, констатирал трудовиот инспектор.

За несреќата во фабриката за акумулатори, пак, инспекторот при увидот констатирал дека вчера се случила несреќа при работа во која е повреден А. Р. од Пробиштип, кој извршувајки ги своите работни задачи во фабриката за акумулатори ТАБ МАК од Пробиштип, при пренос на палета со батерии, со палетар, од една позиција на друга, движејки се наназад невнимателно со десната нога удрил во друга палета која била на таа позиција и го повредил десно стапало. Во писмениот одговор од ДИТ се вели дека и во овој случај работодавачаот ги презел потребните мерки за безбедност при работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ