петок, 18 октомври 2024

ГАЗ го тужи Фолксваген за речиси 350 милиони долари во Русија

Објавено на

часот

Сподели

Автомобилската компанија Горки имала договор да склопува возила за Фолксваген, јавува Ројтерс, но конфликтот во Украина и западните санкции против Русија го присилија германскиот џин да се повлече од рускиот пазар.

Деталите на тужбата, поднесена минатата недела во Нижни Новгород, не се објавени. Ова е втора тужба со која се соочува Фолксваген во Русија од ГАЗ.

Во другата тужба, поднесена минатиот месец, ГАЗ тврди дека повлекувањето на Фолксваген од Русија им штети на неговите интереси. Во тој процес, ГАЗ бара 15,6 милијарди рубли (191 милиони долари) како оштета за раскинат договор за фабрика во Нижни Новгород.

Набрзо по поднесувањето на тужбата, рускиот суд реши да го замрзне сиот имот на Фолксваген во земјата, до решавањето на спорот.

Во времето на првата тужба, руската подружница на Фолксваген соопшти дека е изненадена од постапката бидејќи соработката со ГАЗ била прекината „под услови договорени од двете страни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ