Во изминатиот период имаше турбуленции во Хајдук кои кулминираа со отказ за спортскиот директор Никола Калиниќ.
Токму Калиниќ го донесе Гатузо во Хајдук, а Италијанецот јавно му даде поддршка по победата во дербито против Динамо Загреб.
Беше доведена во прашање и иднината на Гатузо, но недоразбирањата се решени и тој ќе продолжи да го води хајдук.
Состанокот траел час и половина, а на него се дискутирале сите актуелни теми, разговорот завршил во добра атмосфера.
Хајдук со 14 бода е на делба на првото место со Ријека, Динамо Загреб има бод помалку од нив.