понеделник, 21 октомври 2024
На брифинг кај претсетдателот на Собранието

Гаши: Интерпелацијата не е издржана, не сум прекршил ниту еден закон

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека интерпелацијата за него не е политички издржана. Осврнувајќи се на неколкуте забелешки и медиумски написи за него во изминатиот период, но и тврдењата во самото барање за интерпелација, рече дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони.

Објавено на

часот

Сподели

„Од никого никогаш не сум барал да прекрши закон“, изјави Гаши на првиот брифинг со новинарите по преземањето на фукцијата претседател на Собранието, одговарајќи на новинарски прашања во врска со случајот со косовската претседателка Вјоса Османи и со неговото приватно патување со службени возила на свадба во Косово.

Гаши истакна дека поднесената интерпелацијата е ставена на дневен ред и тоа веднаш, и тоа како прва точка.

„Мене ми е мило што ќе се расправа и ќе ѝ се објаснат на јавноста наводите што се поднесени во таа интерпелација. Тоа што е во рамки на Деловникот и во рамки на демократичноста во Собранието, го почитувам, било тоа да се однесува на институцијата претседател на Собранието или на кого било. Ќе бидеме отворени кон секоја иницијатива, ќе го почитуваме Деловникот и се надевам дека на 3 септември ќе има соочување на аргументи и потоа пленумот ќе одлучи. Како ќе одлучат тие, така ќе постапиме. Верувам дека мнозинството ќе ја донесе најправедната одлука. Таа каква и да биде, ќе ја почитувам“, рече Гаши.

Претседателот на Собранието одговараше и на новинарски прашања во врска со случајот со косовската претседателка Вјоса Османи и со неговото приватно патување со службени возила на свадба во Косово.

„Јас од никого никогаш не сум барал да прекрши закон“, изјави Гаши.

На прашањето зошто со службено возило бил во приватна посета на Косово, тој рече дека тој е обврзан како претседател на Собранието секаде да се движи со службено возило, иако не би сакал тоа да биде така.

„Сите сакаме да имаме барем малку приватен живот. Јас воопшто го немам и за жал и во овој случај морав и на приватен настан да отпатувам со службено возило“, рече Гаши.

Во врска со овој случај, Гаши кажа дека уредно бил најавен дека ќе патува на Косово, но дека, како што рече, не може да застане на пасошка контрола и да ги провери пасошите. Сепак, тој не кажа колку лица патувале со него со службените возила. Најави дека ќе покрене иницијатива и со Министерството за внатрешни работи да се доуредат одредени пропусти.

Во врска со инцидентот со претседателката на Ковосо, Вјоса Османи, бил повикан од неа и дал инструкции дека ќе оди на аеродром за да ја смири ситуацијата, и како претходница биле упатени лицата од неговото обезбедување. Откако му се јавиле дека ситуацијата е надмината, решил да не оди. Гаши кажа дека сите треба да ги почитуваат меѓународните и домашните закони.

„Од морален аспект, јас лично и обезбедувањето во Собранието на аеродоромот избегнавме инцидент којшто можеше да има поголеми последици. Се радувам дека се заврши како што треба. Тие луѓе кои ги пречекориле своите овластувања, МВР ќе постапи како што е законот. Секогаш кога ќе треба да се зближува, да се смирува ситуацијата, ќе настапувам за доброто на граѓаните, да нема конфликти, инциденти и поголеми последици“, рече Гаши во изјава за медумите по средбата со новинарите.

На кажа кога би можело да се случат уставните измени, но посочи дека почетокот на тој процес зависи од политичките структури потсетувајќи дека тоа е мултилатерално прашање.

„Како Собрание очекуваме дека уставните измени треба да се случуваат во Собранието, ќе настојуваме да имаме поактивна улога во уставните измени. Што се однесува на решавањето на почетокот на тој процес тоа зависи од политичките структури, не само на нашата држава. Тоа е мултилатерално прашање. Во моментот кога ќе имаме на повидок решение се надевам набрзо ќе почне процедурата како што е предвидено со закон и со Устав и како што е предвидено со процедурата во ова Собрание“, рече Гаши.

За работата на Собранието во следниот период кажа дека веќе има закажано седници на 3 и на 11 септември и дека ќе се одржуваат три до четири седници месечно – во вторник, среда и четврток, додека понеделник ќе биде ден за координација, а петок за средби на пратениците со граѓани. Врз основа на новиот Деловник се изработува подолгорочен календар на активности.

Гаши зборуваше и за уставните измени, за активностите на Собранието, но и за тоа дека коалицијата Вреди треба да прерасне во една политичка партија.

„Добро е да имаме еден силен стабилен политички субјект кај Албанците кој ќе ги претставува достојно и долгорочно“, рече Гаши, кој е поранешен лидер и основач на Алтернатива.

!Мислам дека треба оваа коалиција да прерасне во хомогена структура и ќе ги претставува Албанците достојно и подолгорочно и мислам дека граѓаните треба да имаат и да гледаат стабилност во една политичка структура. Друго е кога е коалиција, друго е кога е политички субјект. Битно е дека во овој процес сега после изборите се работи на хомогенизирање на структурите“, рече Гаши.

Идејата, според него, било тоа да биде постепено и природно да тече.

„Да не биде тоа административно и да не биде насилно. Ќе гледаме тоа да биде преку заеднички комисии, заеднички тела и претседателство“, рече Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ