вторник, 22 октомври 2024
Средба во Собранието на Македонија

Гаши и Бегај се надеваат Македонија и Албанија во ист ден да станат членки на ЕУ

Нашите две земји секогаш имале заеднички цели кон кои одиме заедно, рече претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши на средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Гаши посочил дека Македонија пред повеќе години се соочи со пречка на патот кон НАТО, каде што, сепак, сега е полноправна членка. Во тој контекст, Гаши изразил надеж дека овој пат „Северна Македонија и Албанија ќе продолжат заедно да напредуваат на патот кон ЕУ и дека во ист ден ќе станат полноправни членки“.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата, соговорниците посебно се осврнаа на соработката меѓу двете земји, при што се согласија дека Северна Македонија и Албанија негуваат одлични меѓусоседски односи и искрено пријателство, иако, како што забележаа, секогаш има простор за уште поинтензивна комуникација на билатерален, но и на регионален план, како и во процесот на интеграција во Европската Унија“, се вели во соопштението од Собранието каде Гаши го прими Бегај кој учествува на состанокот на Процесот за сорабока на земјите од Југоситочна Еврпа.

Претседателот  на Албанија истакнал дека реформите што ги преземаат двете земји во однос на евроинтеграцијата не се само за остварување на критериумите на ЕУ, туку се за развој на земјите и за постигнување бенефит за граѓаните.

Како носители на јавни функции, кажал Бегај, треба да бидеме фокусирани на сегашноста и на создавање подобра иднина, со цел на новите генерации да им оставиме развиен и просперитетен регион.

Соговорниците се осврнале и на претстојната 11. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, што ќе се одржи од 18 до 20 јуни во Собранието на Македонија, по што Албанија треба да го преземе од Македонија едногодишното претседавање со овој процес.

Во насока на понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и Албанија, како и меѓу сите земји од регионот, претседателот Гаши, како што е наведено во соопштението, истакнал дека приоритет треба да бидат и инфраструктурните проекти.

„Мора да продолжи изградбата на патиштата, енергетското и железничкото поврзување во рамки на Коридорот 8, со цел поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал“, кажал Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ