вторник, 22 октомври 2024
Реакција по скандалот на Меѓународниот аеродром Скопје

Гаши демантира дека неговото обезбедување направило инцидент, вели ја смирувале состојбата

Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром. Денеска околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје  додека претседателката на Косово, Вјоса Османи поминувала на гранична контрола, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, правејќи инцидент зошто сакале да ѝ го скенираат багажот. По ова се вмешало и обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Случајот е пријавен во МВР и се постапува.

Објавено на

часот

Сподели

„Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување. Обезбедувањето на претседателот Гаши, кои се вработени во МВР, интервенирале да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности“, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер.

Претходно реакција имаа и од ТАВ Македонија од каде велат дека нивното обезбедување постапило во рамки на своите надлежности.

Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП – салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците, порачаа од ТАВ Македонија. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ