петок, 25 октомври 2024

Ганц до американските власти: Завршување на војната без операцијата во Рафа не е прифатливо

Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц им кажа на американските официјални лица дека, и покрај тешкотиите и притисоците, завршувањето на војната во Газа без воена операција во Рафа не е прифатливо за Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ганц, поранешен министер за одбрана и началник на Генералштабот, синоќа во Вашингтон рече дека Израел ќе го десеткува раководството на Хамас во Рафа, како дел од целите на војната, пренесоа денеска израелските медиуми.

На состанокот со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, Ганц рече дека завршувањето на војната без операцијата во Рафа е исто како да испратиш пожарникар да изгаси 80 отсто од пожарот, објави Израел Хајом.

Ганц, исто така, се состана со американската потпретседателка Камала Харис и координаторот на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка Брет Мегурк, со сенатори и членови на Конгресот.

Според израелските медиуми, некои дискусии за хуманитарните прашања биле тешки и администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден изразила големи сомнежи за способноста на Израел да ги евакуира 1,2 милиони жители на Газа, кои моментално се наоѓаат во Рафа, пред почетокот на воената операција.

Ганц ги отфрлил тие оценки, нагласувајќи ја важноста на операцијата во Рафа. Зборувајќи за хуманитарната помош, тој рекол дека тешкотијата не е да се добие помош за Газа, туку да се дистрибуира до цивилите, бидејќи Хамас ја презема во обид да ја задржи контролата над нив.

Тој, исто така, наводно рекол дека е најдобро Газа да минува низ повремен хаос за да биде невозможно Хамас да владее.

Ганц ја отфрлил идејата за враќање на владеењето на палестинската управа во Газа, која сега владее со делови од друга палестинска територија, Западниот Брег, бидејќи, како што рече, таа досега не е доволно реформирана, а реформи бараа и САД.

Политичкиот ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Ганц, лидер на центристичката партија Национално единство, отпатува во САД и покрај противењето на Нетанјаху додека земјата ги засилува напорите да испорача поголема хуманитарна помош во Газа.

Иако Ганц дели многу од тврдокорните ставови на Нетанјаху, тој се смета за поотворен за компромиси за критичните прашања, вклучително и зголемената испорака на хуманитарна помош, пишува Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ