сабота, 11 април 2026

ГАЛЕРИЈА

Велики Петок – ден на тишина, молитва и сеќавање на Христовите страдања

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок, најтажниот и најсвет ден во христијанството, посветен на споменот на распнувањето и смртта на Исус Христос. Овој ден се смета за врв на христовите страдања, кога, според христијанското верување, Исус бил осуден, распнат на крст и погребан. Верниците го поминуваат денот во длабока тишина, молитва и строг пост, воздржувајќи се од храна и секојдневни активности, како израз на почит и духовно прочистување. Во православните храмови низ земјата се одржуваат посебни богослужби. Така беше денеска и во Соборниот храм на МПЦ во Скопје. Петок е вовед во радоста на Христовото Воскресение, кое се прославува на Велигден – најголемиот христијански празник.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Велики Петок – ден на тишина, молитва и сеќавање на Христовите страдања

НАЈНОВИ ВЕСТИ