четврток, 25 јули 2024

Г7 сериозно ѝ се закани на Кина: „Престанете или ќе има последици“

Кина поддржувајќи ја Русија, ѝ ја овозможува нејзината војна во Украина, предупредија во петокот лидерите на најнапредните светски економии, заострувајќи го тонот кон Пекинг, истовремено заканувајќи се со дополнителни санкции против секој кој материјално ја поддржува воената машина на Москва, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Острото предупредување, издадено на крајот од годишниот самит на Групата седум (Г7) во Италија, доаѓа кога Соединетите Американски Држави ги засилуваат дипломатските напори да ја убедат Европа да заземе построг став кон Кина поради нејзината улога во помагањето на рускиот воено-индустриски комплекс.

„Континуираната поддршка на Кина за руската одбранбена индустриска база ѝ овозможува на Русија да ја одржи својата нелегална војна во Украина и има значителни и далекусежни безбедносни импликации“, се вели во изјавата на лидерите на Г7 во петокот. „Ја повикуваме Кина да престане да испраќа материјали за двојна употреба, вклучувајќи компоненти и опрема за оружје“, се вели на самитот.

Лидерите, исто така, се заканија со понатамошни активности, вклучително и санкции, за да ги казнат кинеските субјекти за кои велат дека ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи западните санкции.

„Ќе продолжиме да преземаме мерки против актери во Кина и трети земји кои материјално ја поддржуваат руската воена машина, вклучително и финансиски институции и други субјекти во Кина кои ѝ овозможуваат на Русија да набавува предмети за воената индустрија“, се вели во заедничкото соопштение. Лидерите на Г7 ветија и дека ќе воведат „рестриктивни мерки за спречување на злоупотреба и ограничување на пристапот до нашите финансиски системи“.

Американските власти ја обвинија Кина дека ѝ помага на Русија да го прошири военото производство, вклучително и извозот на работи како полупроводници, материјали и машински алати за кои велат дека ѝ овозможуваат на Москва да го зголеми производството на тенкови, муниција и оклопни возила.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, велејќи дека не испорачува оружје на ниту една страна и дека одржува строга контрола на извозот на стоки со двојна употреба. САД и Европската унија веќе воведоа санкции за кинеските компании, а оваа недела САД воведоа нови санкции за компаниите со седиште во Кина кои ја снабдуваат Русија со полупроводници.

„Кина не снабдува оружје, но го овозможува производството на тоа оружје и технологијата потребна за тоа“, рече американскиот претседател Џо Бајден на самитот во четвртокот. „Значи, таа всушност ѝ помага на Русија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ