среда, 24 јули 2024

ФЗО: Германската болница го извести Фондот за дополнителни трошоци после две години

Побарувањата за дадени аванси за лекување во странство се за осигуреници кои се упатени со решение на Фондот за здравство (ФЗО) да се лекуваат во странската болница во 2016, 2017 и 2018 година, за што е изршено авансно плаќање согласно доставена профактура од самата болница, реагираат денеска од ФЗО откако вчера Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави дека Фондот во постапката за упатување за лекување во странство на осигурениците постојат слабости и неправилности, при што не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство. Сето ова резултирало и со тужба од германска болница.

Објавено на

часот

Сподели

Во решението е наведено во која здравствена установа ќе се лекува осигуреникот, колкав период за болничко лекување се одобрува, колку пари се одобруваат според претходно издадената профактура од странската болница, тврдат од ФЗО.

„Заедно со решението Фондот изготви и допис – известување до странската болница со кое ја информира дека е прифатена доставената профактура и дека доколку во текот на лекувањето се јави потреба од продолжување на болничкиот престој над одобрениот од страна на Фондот и/или потреба од дополнителни трошоци, Фондот треба да биде веднаш известен. Исто така со ова известување Фондот информира дека нема да бидат прифатени и платени трошоци кои не се однапред одобрени и дека фактурата од завршеното болничко лекување треба да биде доставена во рок од 30 дена од завршувањето на истото, со цел финансиско затворање на секој предмет поединечно“, велат во реакцијата од ФЗО.

Судските спорови, објаснуваат од Фондот, произлегуваат поради тоа што германската болница не постапила по насоките дадени во известувањата на ФЗО и за побарувањата за дополнителни трошоци го известил Фондот повеќе од две години подоцна, односно на почетокот на 2020 година, што не е во согласност со правната регулатива пропишана од Фондот. Со ваквото ненавремено постапување на болницата, довело до тоа Фондот и осигурените лица да немаат сознание за конечните трошоци од лекувањето за да можат да поведат постапка со барање за признавање на разликата од одобрениот аванс до конечните трошоци или т.н. дополнителни трошоци од лекувањето.

„Фондот навремено ги преземал сите потребни дејствија кои се во негова надлежност и ги упатил осигурените лица на лекување во странската болница. Додека во делот на финансиско-сметководствено затварање на плаќањата со болницата во тек се судски постапки“, тврдат во денешната реакција од ФЗО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ