вторник, 22 октомври 2024
Сега сака да победува со Јувентус

Фудбалерот кој го урна Наполи: Редев овошје во маркет, местев прозори, ѕидав

Дефанзивецот на Јувентус, Федерико Гати потсети на неговата животна приказна и како тоа морал да работи и да игра фудбал со цел да му помогне на своето семејство да преживее.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус во петокот го доби дербито против Наполи со 1-0, херој на домаќините беше Федерико Гати, кој има интересна животна приказна.

„Редев овошје и зеленчук во маркет, местев прозори, ѕидав, работев на покриви… Но целта сега е да победувам во дресот на Јувентус, и да се наметнам во репрезентацијата на Италија за Европското првенство“ – вели Федерико Гати, кој ги има поминато сите ниски лиги на „чизмата“.

„Против Наполи, на трибините беа моите родители и девојката, и беа навистина среќни, мислам дека тие повеќе се израдуваа и од мене“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ