петок, 18 октомври 2024

ФСБ: Пронајдени се траги од експлозив на странски цивилен брод

Објавено на

часот

Сподели

ФСБ тврди дека бродот бил во украинското пристаниште Килија во мај и дека бил користен за испорака на експлозив во Украина.

Руската служба соопшти дека бродот го променил името во турското пристаниште Тузли на почетокот на овој месец и го заменил екипажот, во кој претходно имало 12 украински државјани.

„Овие околности покажуваат дека постои можност да се користат странски цивилни бродови за испорака на експлозив на украинска територија“, објави ФСБ.

Неименуваниот брод бил прегледан во Керчкиот теснец и му било забрането да го продолжи патувањето, по што ги напуштил руските води, се додава.

Ројтерс сè уште не може да ги потврди тврдењата на ФСБ, кои доаѓаат една недела откако Москва се повлече од договорот што овозможуваше извоз на украинското жито од пристаништата на Црното Море, со безбедносни инспекции на бродовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ