сабота, 19 октомври 2024

Франс прес: Вагнер минатата година од кинеска компанија купиле сателити, ги користеле за шпионирање

Според документ во кој имала увид агенцијата Франс прес, руската приватна безбедносна компанија Вагнер во 2022 година потпишала договор со кинеска компанија за купување два сателити и користење на нивните снимки. Франс прес наведува дека договорот бил потпишан во ноември 2022, повеќе од половина година откако Русија ја почна инвазијата на Украина, во што Вагнер имаше значителна улога.

Објавено на

часот

Сподели

Вагнер ги користеле сателитските снимки и за надгледување на своите операции во Африка, дури и за време на неуспешниот бунт на својот шеф, Евгениј Пригожин во јуни, кажал европски безбедносен извор за француската новинска агенција.

Според договорот, напишан на англиски и руски јазик и потпишан на 15 ноември 2022, компанијата Пекинг Јунце технолоџи продала два набљудувачки сателити со висока резолуција на компанијата Чанг гуанг сателајт технолоџи (ЦГСТ) на компанија која тогаш му припаѓала на Пригожин. Цената на сателитите и дополнителните услуги изнесувала повеќе од 30 милиони долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ