Во богатата денешна програма се и редовната Детска зона од 10 часот на платото пред Градскиот саат,од 11 часот промоцијата на театарска и театролошка литература, а напладне се разговорите на тркалезната маса за синоќешните претстави, „Ало!Ало!“ на театар комедија и „Дупло дно“ на домаќинот, прилескиот народен театар.
Вечер од 17 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ е претставата „Франкештајн“, по мотви од романот на Мери Шели. Од 19:30 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, ансамблот на велешкиот театар ќе ја изведе претставата „Едвард втори“, по текст на Сашо Димоски, во режија на Андриј Жолдак, а од 22 часот во прилепскиот театар ќе се игра претставата „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на штипскиот театар.
Фестивалот завршува в петок на 14 јуни кога ќе биде позната најдобрата претстава, и од жирито и од публиката која за првпат гласа.