сабота, 19 октомври 2024

Француски новинар загина во руско гранатирање во Луганск, рече гувернерот

Објавено на

часот

Сподели

Напорите за евакуација на цивилите во областа Луганск во источна Украина денеска се прекинати откако оклопен транспортер беше погоден со руски гранати, при што загина францускиот новинар Фредерик Леклер, изјави регионалниот гувернер Сергеј Гајдај, цитиран од Ројтерс.

Гајдај на апликацијата Телеграм напиша дека шрапнелот го пробил оклопот на возилото, убивајќи акредитиран француски новинар што патувал во него.

Гајдај даде и фотографија од прес-акредитацијата што го идентификува новинарот, кој наводно работел во француската БФМ ТВ. 

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги проверува информациите за смртта на новинарот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ