четврток, 25 јули 2024

Франција прогласи висок степен на ризик од птичји грип

Франција го подигна нивото на ризик од птичји грип од „умерено“ на „високо“, по откривањето на нови случаи на болеста, соопшти денеска Министерството за земјоделство.

Објавено на

часот

Сподели

„Високото“ ниво на ризик, што беше прогласено, значи целата живина да се чува во затворени простори на фармите и дека треба да се преземат дополнителни безбедносни мерки за да се избегне ширење на болеста, пренесува Ројтерс.

Птичјиот грип, кој предизвика убивање на стотици милиони птици во изминатите неколку години, обично ја погодува Европа во есен и зима.

Неодамна е откриен на фарми во Белгија, Франција, Холандија и Германија.

Белгија пријави епидемија на високопатогениот вирус Х5Н1, попознат како птичји грип, на живинарска фарма во северозападниот дел на земјата, објави вчера Светската организација за здравје на животните со седиште во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ