петок, 18 октомври 2024

Франција и Италија испраќаат авиони за гаснење пожари во Грција (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Авионите и противпожарните тимови се дел од механизмот за цивилна заштита на ЕУ и ќе се приклучат на групата од околу 30 романски пожарникари веќе стационирани во Грција како дел од сезонската програма на ЕУ против пожари, објавија денеска европските претставници.

Шумските пожари денеска продолжија да излегуваат од контрола северно и западно од Атина, вклучувајќи го и оној кај одморалиштето Лутраки, на околу 80 километри западно од Атина, каде вчера беа евакуирани 1.200 деца од детското одморалиште, а во гаснењето на пожарот беа ангажирани 120 пожарникари, со пет авиони и хеликоптер.

hn

Најголемиот пожар од утрово е во шума на 50 километри северно од Атина, каде се ангажирани 140 пожарникари, со поддршка од шест водени бомбардери и хеликоптери.

Вчера властите издадоа наредба превентивно да се евакуираат неколку крајбрежни населби кон Атина, меѓу кои и популарните летувалишта Лагониси, Саронида и Анависос.

Неколку помали пожари избувнаа во близина на главниот град, каде ветровите остануваат умерени, но грмушките и шумските површини беа исушени од екстремно високите температури минатата недела.

hy

Грција, исто така, го активираше системот за брза проценка и мапирање, кој користи сателитски податоци на ЕУ за да ја процени штетата од пожарот, за три големи пожари што горат надвор од Атина веќе втор ден.

Како и поголемиот дел од Европа, и Грција викендов беше погодена од првиот топлотен бран годинава со највисока температура од 44,2 степени Целзиусови во регионот на Теба (центарот на земјата), соопшти Националната опсерваторија на Атина.

Во Атина живата се искачи на 39 степени во саботата, додека Акропол беше затворен неколку дена во најтоплиот дел од денот.

Додека до среда се очекува пад на температурите за два до четири степени, од четврток се очекува нов топлотен бран со максимални 43 степени локално, соопшти националната метеоролошка служба ЕМИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ