недела, 24 ноември 2024

Француски министер за надворешни работи: Западните сојузници не треба да поставуваат ограничувања за поддршката за Украина

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави во интервју за Би-би-си дека западните сојузници не треба да поставуваат никакви ограничувања за поддршката на Украина против Русија. Тој рече дека „не треба да има црвени линии“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Коментарите на Баро се значајни, бидејќи доаѓаат неколку дена откако американските и британските ракети со долг дострел беа употребени за прв пат на руска територија. Баро рече дека Украина може да користи француски ракети со долг дострел за напад на руска територија „во логиката на самоодбрана“, но не потврди дали тие веќе користеле француско оружје.

„Принципот беше воспоставен… нашите позиции беа јасно пренесени на претседателот Зеленски и тие беа добро прифатени“, рече Баро.

Франција ѝ достави на Украина ракети „скалп“, кои се идентични со британските ракети „сторм шедоу“, кои Украинците, наводно, веќе ги користеле во Русија.

„Ќе ја поддржуваме Украина интензивно и онолку долго колку што е потребно. Зошто? Затоа што нашата безбедност е загрозена. Секогаш кога руската армија напредува за еден квадратен километар, заканата се приближува за еден квадратен километар до Европа“, рече тој.

На прашањето дали „неограничената“ поддршка може да вклучи испраќање француски војници во борба, Баро одговори: „Не исклучуваме ниту една опција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ