вторник, 22 октомври 2024

Франција стравува од немири за време на изборите: 30.000 полицајци распоредени во целата земја

Во Франција во недела ќе бидат распоредени 30.000 полицајци и жандарми, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, приврзаниците на левиот или на десниот центар можат да создадат „неред“, пренесува Фигаро.

Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци треба да ги спречи тие сили „да ги искористат предностите на (изборните) резултати за да создадат неред“, рече Дарманен.

Дарманен, кој и самиот е кандидат во вториот круг од изборите во изборната единица Туркоан, повтори дека нема да гласа ниту за крајно левичарската партија Непокорена Франција ниту за крајно десничарскиот Национален собир, кој води по првиот круг на гласање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ