„Триколорите“ можеби не импресиoнираа во воведниот натпревар на Европското првенство, но славеа со 1-0 и завршија голема работа кога е во прашање пласманот во осмина-финале.
Клучниот момент се случи во финишот на првиот дел, кога Вебер реагираше неспретно и си ја затресе сопствената мрежа за водство на Франција.
Избраниците на Дешам имаа шанси и предвреме да го решат победникот, но Мбапе и Жиру имаа големи промашувања, наместо да се прослават, тие се избрукаа.