сабота, 19 октомври 2024

Франција го поддржа „планот за победа“ на Зеленски

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро даде поддршка на украинскиот „план за крај на војната со Русија“, порачувајќи денес во Киев дека ќе соработува со украинските власти за да обезбеди поддршка од други земји за тој предлог.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таканаречениот план за победа, кој претходно неделава на јавноста ѝ го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски, предвидува клучен елемент – официјален повик на Киев во НАТО, што Западот одбива да го разгледува сè додека трае конфликтот.

Предлогот во моментов го разгледуваат западните партнери на Украина, чија помош е од клучно значење во спротивставувањето на Киев на Русија.

„Руска победа би била победа за законот на посилните и би го турнала меѓународниот поредок во хаос“, кажа Баро на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Андреј Сибиха.

„Затоа нашата соработка би требало да ни овозможи да напредуваме по планот за победа на претседателот Зеленски и да собереме најголем можен број земји околу него“, оцени францускиот министер.

Баро кажа и дека Франција ќе ја испорача првата серија борбени авиони „мираж 2000“ на Украина во првите три месеци од 2025, со украински пилоти и механичари обучени да ги летаат и одржуваат авионите.

Од почетокот на конфликтот во 2022 Франција е еден од најистакнатите воени, дипломатски и економски поддржувачи на Киев во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ