вторник, 22 октомври 2024

Форин полиси: Германија и САД сè уште не ја сакаат Украина во НАТО

Соединетите Американски Држави и Германија не се согласуваат со барањата на НАТО сојузниците на Украина да ѝ се упати покана во Алијансата на претстојниот самит, стравувајќи дека тој потег би можел да предизвика тотален конфликт со Русија, јавува Форин полиси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на десетина сегашни и поранешни функционери, американскиот магазин наведува дека Киев и некои од неговите најжестоки поддржувачи, вклучувајќи ги Полска и балтичките земји, бараат прием на Украина во западниот воен пакт на клучниот самит во Вашингтон во јули.

Заговорниците на брзото зачленување на Украина во НАТО тврдат дека само полноправно членство на Киев би можело да ја натера Русија да го прекине конфликтот, додека сметаат и дека тој потег би бил поевтин на долги патеки од испраќањето оружје во недоглед.

Меѓутоа, САД и Германија, двата најважни сојузници на Киев во поглед на воената помош, не се сложуваат со тие оценки, наведува Форин полиси.

Функционерите во овие земји наводно сметаат дека сега не е правиот момент за пристапување на Киев, и дека Западот, пред сè, треба да се фокусира на снабдувањето на Украина со оружје.

Форин полиси додава дека приемот на Украина во воениот пакт може да предизвика судир од полн размер меѓу НАТО и Русија, поради Членот 5 кој предвидува дека напад на една членка се смета за напад на сите.

Состојбата дополнително ја комплицираат неколку членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка, кои се противат на вооружувањето на Киев.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека членството на Киев во воениот пакт може да го вовлече НАТО во конфликтот. Неговиот словачки колега Роберт Фицо кажа дека тој потег може да предизвика Трета светска војна.

САД наводно побарале од членките на ЕУ да не го отвораат прашањето за украинско членство на самитот, тврдејќи дека тоа може да ги разоткрие поделбите зад кулисите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ