вторник, 22 октомври 2024

Форца Италија гласаше за Урсула фон дер Лаен, италијанската премиерка воздржана

Италијанската Форца Италија, дел од италијанската десничарска владејачка коалиција, гласаше за нов мандат на Урсула фон дер Лаен на чело на Европската комисија, изјави денеска министерот за надворешни работи и лидер на партијата Антонио Тајани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Потегот е во согласност со позицијата на Европската народна партија (ЕПП), но е во целосна спротивност со одлуката на италијанската премиерка Џорџа Мелони да се воздржи од поддршката за втор мандат на Фон дер Лаен на самитот на лидерите на ЕУ во четвртокот.

„Форца Италија ќе гласа за (Роберта) Мецола за претседател на Парламентот и за Фон дер Лаен за Европската комисија. Во согласност со ЕПП“, рече Тајани во објава на Икс.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во средата ги критикуваше плановите за поделба на највисоките функции во институциите на ЕУ, велејќи дека тие го игнорираат порастот на популарноста на десничарските партии на последните избори за Европскиот парламент.

Трите партии кои ја поддржуваат владејачката коалиција на Мелони имаат различни позиции во Европскиот парламент.

Браќата од Италија се во групацијата на Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), Лига е во групацијата Идентитет и демократија (ИД), додека Форца Италија е во ЕПП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ