Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства. Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија. Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.
Во одлуката пишува дека за овие операции се користат скапи материјали за вградување (стентови, валвули…), како и скап потрошен материјал за извршување на интервенциите (катетери, водичи на жици…). Па затоа неопходно било да се дефинира максималниот број на овие процедури и здравствени установи каде што ќе може да се изведуваат процедурите.
Па така не пример за 66 операции за трансаортална имплатанција или репласман на валвула, во државната кардиологија во 2024 година ќе бидат покриени 50 операции, а во клиниките Жан Митрев и Систина Аџибадем по 8.
Таков е односот на бројките и за другите видови на операции.
Во одговорот на прашањето на МКД.мк за причините за ваквата одлука, Ирфан Лимани, директорот за комуникации во ФЗО само се повика на некои правилници.
„Утврдувањето на годишните надоместоци на приватните здравствени установи од болничка здравствена заштита се врши според одредбите на Правилникот за критериуми за склучување на договори и плаќање на извршени здравствени услуги на ПЗУ во болничка здравствена заштита, конкретно според член 1 точка 1 од истиот , објавен во службен весник на РС Македонија бр. 206 објавен на 3 октомври годинава“.
Без додатни објаснувања и образложение.
А.Д.