недела, 20 октомври 2024

Фон дер Лајен ја прифати оставката на комесарката Марија Габриел, мандатар за формирање Влада на Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Марија Габриел за нејзината служба како комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади. За три и пол години на таа позиција, таа даде голем придонес за унапредување на приоритетите на Комисијата во таа област“, се наведува во соопштението на претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен особено ѝ се заблагодари за одличната имплементација на програмата Хоризонт и силното лансирање на иновации и старт-ап преку Европскиот совет за иновации.

„Убедена сум дека нејзиното европско искуство, во овој и претходниот Колегиум на комесари, ќе биде добро искористено за нејзината земја“, рече Фон дер Лајен.

Бугарскиот претседател Румен Радев денес на Марија Габриел ѝ додели мандат за формирање влада, која ја предложи коалицијата ГЕРБ-УДФ, објави порталот Софија глоб. Таа коалиција како најголема парламентарна група доби можност прва да предложи кандидат.

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов претходно најави дека ќе ја предложи Габриел за нов премиер, бидејќи ниту една партија не успеа да обезбеди мнозинство за формирање стабилна влада и по пет последователни избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ