вторник, 22 октомври 2024

Фон дер Лаен: Украина и Молдавија знаат дека нивниот пат кон ЕУ ќе биде ригорозен

Преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во Европската унија ќе бидат предизвикувачки, но тие се и одлична можност за двете земји и за ЕУ, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лаен пред отворањето на преговорите со тие две земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Патот што претстои ќе биде предизвикувачки, но исто така исполнет со огромни можности за Молдавија и Украина, како и за целата наша Унија“, рече фон дер Лаен во видео пораката пред меѓувладините конференции за пристап со Украина и Молдавија, кои започнуваат денес во Луксембург.

Таа посака успешен почеток на преговорите што треба да ги подготват двете земји за да можат да ги преземат обврските на полноправно членство.

„Тие знаат дека нивниот пат ќе биде ригорозен и напорен. Преговорите за пристапување се дизајнирани да ги подготват кандидатите за одговорностите на членството. Ова е причината зошто нема кратенки. Влегуваме во овие преговори во силен дух на отвореност, ангажман и посветеност“, рече Фон дер Лаен.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го нарече историско отворањето на преговорите со двете поранешни советски републики.

„Денешниот датум ќе остане запаметен како историски. Ова е важен момент кој нè зајакнува и обединува во едно семејство“, напиша Мецола на социјалната мрежа Икс.

Украина и Молдавија аплицираа за членство во ЕУ неколку дена по почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. Во јуни истата година им беше доделен статус на земји кандидати за членство, а во декември минатата година лидерите на земјите-членки донесоа одлука за почеток на преговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ