вторник, 22 октомври 2024

Фон дер Лаен: Косово да формира Заедница на општини со српско мнозинство, Србија де факто да го признае Косово

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен го повтори европскиот став дека Приштина треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство, а Србија треба де факто да го признае Косово.

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот со претседателката на Косово Вјоса Османи, европската функционерка кажа дека нацрт статусот кој неодамна го предложиле европските дипломати во фокусот на преговорите за укинување на казнените мерки кои Европската Унија претходно годинава ѝ ги воведе на Приштина.

„Со претседателката и со премиерот разговарав за тоа што можеме да направиме за да ги отстраниме мерките. Тука станува збор за нацрт статутот во фокусот на расправата и практично тоа е важен чекор напред во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Тоа е клучно и сигурно ќе ја отвори вратата за пристап на планот за проширување на ЕУ. Работиме во таа насока. Тука треба двете страни да си ја сработат работата“, кажа Фон дер Лаен.

На прашањето дали ЕУ ќе ѝ постави услови или санкции на Србија, бидејќи претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека не може целосно да се спроведе договореното за нормализација на односите, Фон дер лаен кажа дека за време на посетата во вторник, 31 октомври, ќе разговара за чекорите за де факто признавање на Косово од страна на Белград.

Фон дер Лаен денес во Скопје ја почна турнејата по Западен Балкан, во рамки на која е планирано на регионалните лидери детално да им го претстави планот на ЕУ за придружување на Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ