Германија одигра одлично, сигурно во првите две кола, па влезе како сериозен фаворит во дуелот со Швајцарија, доволно им беше и реми за да ја задржат првата позиција, на крајот тоа и се случи, но трепереа до самиот крај.
Швајцарија веќе подолго време игра во одлична форма, а тоа го потврдија и вечерва. Беа на прагот на победа против домаќинот, но не издржаа до крај.
Први на гол се израдуваа Германците, Андрих погоди од далечина, но со помош на ВАР погодокот беше поништен поради прекршок.
Во 28. минута Фрулер нафрли до Ндоје кој погоди под пречката на Нојер за водство на Швајцарија од 1-0, тоа беше резултатот од првото полувреме.
Германија имаше иницијатива, напаѓаше, но најчесто тоа беа напади без идеја како да се загрози Зомер. Домаќините сепак создадоа неколку шанси, меѓу кои ја погодија и пречката.
Во 84. минута Швајцарците уште еднаш ја тресеа мрежата на Германија, но погодокот на Варгас беше поништен поради офсајд.
Се чинеше дека Швајцарија ќе го добие дуелот, но во 92. минута Филкруг скокна високо во противничкиот шеснаесетник и со глава ја смести топката во мрежата на Зомер за конечни 1-1.
🚨 GOAL: Switzerland 1-1 Germany!
FÜLLKRUG DRAWS GERMANY LEVEL! 🇩🇪 pic.twitter.com/8n8aylPKYC
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 23, 2024
Луд финиш имаше на мечот меѓу Унгарија и Шкотска. Унгарците победија со гол на Чобот во 100. минута од мечот, буквално во последниот напад на натпреварот.
Германија со седум бода го освои првото место, како второпласирана во осминафиналето оди Швајцарија која освои пет бода. Трета е Унгарија со три бода. Унгарците ќе чекаат да видат дали ќе бидат меѓу најдобрите четири третопласирани па така да одат во нокаут фазата. Шкотска со еден бод е последна и елиминирана од Европското првенство.