вторник, 22 октомври 2024

Филипче ако стане претседател на СДСМ ќе се потпира и на старите проверени кадри

Венко Филипче најавува дека ако биде избран за претседатле на СДСМ ќе ги обединува „сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството“.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ располага со огромен човечки потенцијал, луѓе кои секогаш биле блиски до партијата, делеле исти вредности и ставови, но во изминатите години се пасивизирале или повлекле од различни причини. Една од моите главни цели е обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството. Како претседател, ќе се потпирам на нивните стручни мислења, искуства и анализи преку кои ќе се градат партиските политики. Јас верувам во тимска работа, верувам во знаење, искуство и наука и секој кој сака да помогне ќе биде добредојден во партијата“, изјавил Филипче на средби со членството откако завчера започна со теренска кампања која трна од Струга и Охрид.

Тој вели дека во неговата програма се предвидува реорганизацијата на партијата и нови тела за ефикасна и функционална партиска организација.

„Во СДСМ ќе се формираат три нови тела: Советот за политика и стратегија, Секретар за односи со општинските и месните комитети и Комисија за етика и одговорност, како и секторски комисии.

Еден од главните столбови во функционирањето на партијата ќе биде Советот за политика и стратегија. Советот ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата. Во Програмата е предвидено Советот да биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи. Функцијата на овој совет ќе биде навремено да реагира за партијата да може да се прилагоди на сите предизвици преку одлуки што ќе бидат добро обмислени и базирани на докази што има за крајна цел подобрување на кредибилитетот на партијата“, вели Филипче.

Тој додава дека во рамки на Советот за политика и стратегија ќе се формира уште едно тело, Совет на ветерани на партијата.

„Според програмата, овој  Совет ќе биде составен од искусни поранешни политичари на СДСМ и ќе служи како советодавен одбор на претседателот. Користејќи го големото значење и искуство на неговите членови, СДСМ во иднина ќе носи издржани стратешки одлуки. Советот ќе игра клучна улога во зајакнување на кохезијата во партијата и обединување на сите струи и крила“, е наведено, меѓу другото, во Програмата на Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ