вторник, 23 јули 2024

Филхармоничарите со црвени ленти и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат”

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот протест продолжува сѐ до конечната промена на оваа одлука“, рече синоќа концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на концертот.

Во средата, вработените во Македонската филхармонија протесираа и пред Министерството за култура. И дадоа црвен картон на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која, сѐ уште не го решила проблемот со просторното сместување на Џез оркестарот во концертната сала на Филхармонија.

Наместо грижа и конструктивност при решавање на проблемот, нашата институција е „нападната“ од инспекции и има блокирана сметка, пишуваат филхармоничарите во денешното соопштение до јавноста.

Оркестарот на Македонската филхармонија утре заминува за Ниш, каде што в недела ќе настапи во рамки на фестивалот “Музички едикт”.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ