Сала загина во авионска несреќа откако авионот од Нант до Кардиф се урна во Ла Манш. Трансферот беше договорен за сума од 17 милиони евра, договорите беа потпишани.
Кардиф веќе исплати дел од сумата, а ФИФА одлучи дека треба да го платат и остатокот, во две рати ќе треба на Нант да му исплатат околу 11 милиони евра за да се комплетира сумата од 17 милиони евра колку што беше договорен трансферот.
Кардиф досега одбиваше да ја плати целата сума, но ги загуби споровите и кај ФИФА и во Лозана, па ќе треба да ја платат договорената сума.
Од друга страна пак Кардиф најави кривична пријава и тужба за претрпена штета и бараат 100 милиони евра колку што процениле дека чини загубата на Сала.