вторник, 22 октомври 2024

Фетаи: Анкетата на Стопанската комора доказ за децениската корумпираност на ДУИ

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина и е потврда  на нашите укажувања за корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, вели вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и ги повикува фирмите од кои било барано мито да пријават во обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

„Претставниците на криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. Мито било побарано при постапките за добивање дозволи и согласности, при инспекциски надзор, во текот на царинска и тендерска постапка, дури и по неколку пати во текот на една година од исти фирми“, вели Фетаи.

„Постојано сме укажувале дека ДУИ, за 22 години владеење им донесе само лоши работи на граѓаните. Ова истражување е најточниот преглед на корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, која негативно се одрази на странските инвестиции, вработеноста и севкупниот социо-економски развој“, нагласува вицепремиерот.

Тој ветува дека со овие појави безмилосно ќе се бори новата Влада.

„Бизнисите мора да се ослободат од стравот и да достават предмети до Обвинителството. Правосудниот систем ќе биде ослободен од политичките влијанија и ќе се погрижи никој да не биде над законот. Исто така, бараме поддршка од партнерите, невладините организации и граѓаните во оваа борба, за заедно, како антикорупциски фронт, да ја промениме културата на власта и да кажеме не на коруптивните практики, што на претходната власт и беше дневна храна“, порачува вицепремиерот Арбен Фетаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ