сабота, 19 октомври 2024
Формула 1

Ферстапен за прв пат по јуни месец ќе стартува од пол, беше најбрз во квалификациите за спринтот во Остин

Макс Ферстапен добро го започна викендот во Остин, Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за спринтот и за прв пат по јуни месец ќе стартува од пол позиција.

Објавено на

часот

Сподели

Макс Ферстапен ја доби драмата во квалификациите за спринтот во Остин, Холанѓанецот последен излезе на патеката и стигна до пол позиција, негова прва по месец јуни и ГН на Австрија.

Џорџ Расел постави конкурентно време од 1:32.845, Саинц беше првиот кој не успеа да го изедначи или надмине ова постигнување, потоа кратки останаа и Ландо Норис и Шарл Леклер, но затоа пак Макс Ферстапен ја „украде“ пол позицијата со разлика од само 12 илјадитинки.

На шест трки до крајот на сезоната, Макс Ферстапен има предност од 52 бода во однос на Ландо Норис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ