петок, 14 март 2025

Фенербахче и Мурињо ја минаа првата пречка на патот до Лигата на шампионите

Фенербахче и Жозе Мурињо го продолжуваат настапот во квалификациите во Лигата на шампиони откако вечерва славеа со 2-1 и на реваншот против Лугано.

Објавено на

часот

Сподели

Фенербахче закажа дуел против Лил во 3. коло во квалификациите во ЛШ, вечерва избраниците на Жозе Мурињо по втор пат го совлада Лугано.

Гостите од Швајцарија поведоа рано со прекрасниот гол на Белхаџ од врвот на шеснаесетникот, но во второто полувреме домаќините направија пресврт.

Един Џеко со глава ја затресе мрежата за 1-1 по еден час игра, а во 93. минута, Тадиќ спушти тока за Шимански, кој само пружи нога и ја затресе празната мрежа за 2-1.

Пласман понатаму обезбедија уште Карабaх, АПОЕЛ и Спарта Прага, а на добар пат да им се придружат се и Ференцварош, Слован Братислава и Малме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ