недела, 20 октомври 2024

ФБИ немал докази за дослух меѓу Трамп и Русија, открива американски специјален советник

Објавено на

часот

Сподели

Тој заклучи дека американската агенција немала „вистински докази“ за дослух меѓу кампањата на Доналд Трамп и Русија пред да ја започне истрагата. ФБИ тврди дека ги решил проблемите кои се наведени во извештајот. Дурам, кој беше назначен во 2019 година од тогашниот државен обвинител Вилијам Бар, во извештајот го обвинува ФБИ дека постапувал врз основа на „сирови, неанализирани и неосновани разузнавачки информации“.

Меѓу грешките направени во истрагата се повторените случаи на „потврда на пристрасност“, во кои ФБИ игнорирал информации што ја поткопуваат првичната претпоставка на истрагата, пишува Би-би-си.

Извештајот ги истакна значајните разлики во начинот на кој ФБИ ја водел истрагата за Трамп во споредба со другите потенцијално чувствителни истраги, како што се оние во врска со неговата противкандидатка на изборите во 2016 година Хилари Клинтон.

Дурам истакна дека Клинтон и другите добивале информации, додека Трамп не. „Министерството (за правда) и ФБИ не успеаја да ја одржат својата важна мисија за строго почитување на законот“, се заклучува во извештајот. ФБИ во соопштението наведе дека „веќе има спроведено десетици корективни активности“.

„Да беа спроведени овие реформи во 2016 година, погрешните чекори идентификувани во извештајот можеа да се спречат“, се додава во соопштението. Истрагата спроведена од специјалниот советник Роберт Мулер за наводните врски меѓу кампањата на Трамп и Русија доведе до десетици кривични пријави против поранешни вработени во кампањата на Трамп и заклучи дека Русија се обидела да се меша во изборите во 2016 година.

Сепак, не беше утвредено дека кампањата на Трамп и Русија се договориле за да влијаат на изборите. Трамп на Трут соушл рече дека извештајот покажува како „американската јавност е измамена“. Тој го наведе заклучокот од извештајот дека немало доволно докази за да се оправда целосната истрага на ФБИ.

Трамп долго време тврди дека членовите на „длабоката држава“ неправедно го напаѓаат. Минатата година тој рече дека верува оти извештајот на Дурам ќе обезбеди докази за „навистина лоши, зли, незаконски и неуставни“ активности и „ќе открие корупција од размери што досега не се видени во САД“.

Четиригодишната истрага на Дурам резултираше со три обвиненија. Меѓу нив е и адвокат на ФБИ кој се изјасни за виновен за манипулација со докази додека барал дозвола за прислушување на поранешен функционер од кампањата на Трамп. Други две лица беа ослободени од обвиненијата за лажење на ФБИ.

Поранешниот претседател наведе некои судски поднесоци од тимот на Дурам како дел од тужбата што ја поднел против поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон и неколку други демократи, тврдејќи дека планирале да ја поткопаат неговата претседателска кандидатура во 2016 година со ширење гласини за врските на неговата кампања со Русија.

Во јануари, судијата ја отфрли тужбата како несериозна и му нареди на Трамп да плати речиси 1 милион долари казна. Набргу по веста дека извештајот ќе биде објавен во јавноста, претседателот на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом Џим Џордан најави дека ќе го повика Дурам да сведочи пред Конгресот за својата работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ