петок, 18 октомври 2024

Фаворитите сигурни на стартот на ЕП во ватерполо

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија со 12-8 очекувано славеше против Италија во дербито на А-групата, во која се наоѓа и македонската репрезентација. Македонија го отвори шампионатот со убедливиот триумф од 16-4 против Турција и тоа е најубедлив резултат во првото коло на ЕП.

Највозбудливо беше во дуелот на Србија и Шпанија, кое беше и дерби на колото. Србите, славеа со 8-5 и тоа благодарение на голманот Слободан Соро, кој беше како фантастичен на голот на северниот сосед. ВАња Удовичиќ со три гола беше најефикасен на мечот.

Неочекувано жилав отпор пружи Романија против бранителот на златото, Хрватска. Хрватите победија со 10-7, но се изнамачија, што не беше случај за Црна Гора, која лесно и убедливо се загреа против Германија со 13-7.

Во нашата група, Грција со многу мака го победи домаќинот Холандија само благодарение на првите два периоди, кога направи предност од два гола, предност која успеа до крај да ја задржи. Грците славеа со 14-12.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВО КОЛО

Македонија – Турција 16-4 (3-1, 2-0, 6-0, 5-3)

Унгарија – Италија 12-8 (2-3, 5-0, 4-3, 1-2)

Хрватска – Романија 10-7 (2-1, 3-2, 2-1, 3-3)

Црна Гора – Германија 13-7 (4-1, 1-2, 3-2, 5-2)

Србија – Шпанија 8-5 (1-0, 2-3, 3-1, 2-1)

Грција – Холандија 14-12 (4-3, 5-3, 2-3, 3-3)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ