среда, 23 октомври 2024

Фатени две лица, осомничени се за тешки кражби

Во Скопје вчера по преземени мерки и активности и обезбедени докази, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.О.(35) и 27-годишната М.Ј., двајцата од Скопје,осомничени дека сториле три кривични дела, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„На 18.11.2023 тие извршиле тешка кражба на дрзок начин, при што од жена одзеле чанта, на 04.10.2023 извршиле кражба, при што од возило одзеле лап-топ компјутер и на 13.09.2023 извршиле кражба, при што од женско лице одзеле мобилен телефон“, се вели во соопштението од МВР.

Со двајцата биле извршени службени разговори, а по целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ