четврток, 23 јануари 2025

Фатен крадец во Гостивар, украдените предмети се вратени

Вчера во 12 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Ф.(68) од Гостивар поради основи на сомнение дека на 21 јануари 2025 извршил кривично дело кражба, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Б.Ф. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ