понеделник, 28 октомври 2024

Фатен бегалец баран со потерница

Полициски службеници од СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица Иво Лола Рибар во Тетово, со судска наредба, го привеле 34-годишниот тетовец И.А., осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, И.А. е спроведен во Казнено-поправната установа, Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ