недела, 24 ноември 2024

ФАО и МЗШВ го одбележаа Светскиот ден на храната во Македонија

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) во партнество со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска го одбележаа Светскиот ден на храната под мотото ‘’Правото на хранa за подобар живот и подобра иднина’’.

 

Објавено на

часот

Сподели

Местото што органиаторите го избраа за одбележување на Светскиот ден на храната, беше живинарската фарма „Домашно пиле“ на земјоделецот Тони Димевски во село Огњанци, општина Петровец, која постои од 1999 година. Настанот имаше за цел да го истакне клучниот придонес на малите земјоделци, кои произведуваат околу една третина од храната, на  глобално ниво.

„Мораме да ја зголемиме видливоста на нашите ‘херои на храната’ и да ја засилиме поддршката за малите земјоделски стопанства, кои играат клучна улога во обезбедувањето на здраво, квалитетно и достапно производство на храна за сите граѓани. Преку нивно зајакнување, ја подобруваме конкурентноста, создаваме нови работни места и ги подобруваме условите за живот во руралните средини. Нашите политики се насочени кон обезбедување на еднаков пристап до хранлива и безбедна храна за сите, особено за најранливите групи во општеството“ “, истакна министерот за земјоделство , шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во неговото поздравно обраќање.

Во своето обраќање, Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Професор д-р Миле Маркоски, ја нагласи клучната улога на домашното земјоделско производство не само за обезбедување на храна, туку и за развојот на економијата и заштитата на животната средина. Тој упати силен апел до младите генерации да го препознаат земјоделството како динамична, наградувачка и долгорочно исплатлива кариера, преку која можат активно да придонесат за создавање на одржливи системи на исхрана. Според него, земјоделството не е само професија, туку мисија која има директно влијание врз иднината на храната, здравјето на луѓето и заштитата на нашата планета.

Кристина Митиќ Арсова, Национален програмски координатор на ФАО, ја истакна важноста на Светскиот ден на храната кој се одбележува секоја година на 16 октомври, денот на основање на Организацијата во 1945 година. ‘

„Овој ден е посветен на подигнување на свеста за глобалниот проблем со гладот и на повикување на колективна акција во градење на одржлива иднина за храната, населението и планетата. ‘Оваа година одбележуваме и значајна пресвртница – 20-годишнина од усвојувањето на Доброволните упатства за правото на храна, како основно човеково право, вградено во меѓународното право, за чие спроведување ФАО се залага низ годините. Колективната акција во над 150 земји низ светот го прави Светскиот ден на храната еден од најзначајните денови во календарот на Обединетите нации’’ – истакна Митиќ Арсова.

За ова да се оствари, потребни се силни заложби, иновации и соработка меѓу владите, приватниот сектор и граѓанското општество. Само преку колективна акција можеме да осигураме дека секој има пристап до безбедна, разновидна и хранлива храна, за подобра иднина за сите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ