недела, 20 октомври 2024

Фајненшл Тајмс: САД вршат притисок врз Иран да престане да ѝ продава дронови на Русија

Објавено на

часот

Сподели

САД вршат притисок врз Иран да престане да ѝ продава воени дронови на Русија за нападите врз Украина, како и резервни делови за беспилотните летала, изјави ирански функционер и друго лице запознаено со разговорите, пренесе Ројтерс.

Белата куќа и иранското министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

САД и Иран се обидуваат да ги подобрат односите меѓу двете земји и да продолжат со пошироки разговори за иранската нуклеарна програма, а тие дискусии се одржаа паралелно со разговорите за размена на затвореници минатата недела, според британскиот весник.

Извори за Ројтерс минатата недела изјавија дека Иран би можел да ослободи петмина приведени американски државјани како дел од договорот за одмрзнување на 6 милијарди долари од иранските средства во Јужна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ