недела, 14 јули 2024

Фајненшал тајмс: Уверувањата на НАТО за поддршка на Украина почнуваат да звучат празно

Објавено на

часот

Сподели

Планот на Европската Унија да му обезбеди на Киев 50 милијарди евра буџетска поддршка е сопрен поради несогласувањето на земјите членки. Сумата од 60 милијарди долари, која ја вети Белата куќа, е заглавена во калта на расправиите во американскиот Конгрес. Долгорочните испораки на оружје се доведени во прашање поради малите производни капацитети во Европа и неизвесноста околу претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

Среде ова одолговлекување, министрите за надворешни работи на НАТО оваа недела се вратија на својата омилена работа – ветувањата за „цврста поддршка на Киев“.

„На состанокот сојузниците ја повторија својата непоколеблива поддршка на Украина“, изјави во вторникот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, имајќи ги предвид новите ветувања кои доаѓаат од Германија и Холандија. „Ние ѝ испраќаме јасна порака на Русија дека поддршката на НАТО никогаш нема да престане“, додаде тој.

Украинската противофанзива, која почна на 4 јуни, конечно е прекината, а донесе само маргинални добивки, бидејќи се соочи со посилната руска одбрана, пишува ФТ.

Киев ги обвинува западните влади дека ги натерале украинските сили да користат воена тактика на НАТО, а не им обезбедиле современо вооружување. Тоа само ја засилува неизвесноста на она што следи, особено затоа што САД и ЕУ продолжуваат да се расправаат за финансиската помош, која е клучна за опстанокот на владата во Киев.

Министрите за надворешни работи на Северноатлантската алијанса повторно се собраа во средата, на седница на Советот НАТО-Украина, заедно со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

По вчерашниот состанок, шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел одговори на новинарското прашање дали „слабата поддршка на Украина за НАТО претставува „слон во собата““.

„Собата е полна со слонови. Имаме доста големи и важни прашања“, кажа Борел, но додаде дека перспективата на војната во Украина е едно од најважните. „Не гледам никаков знак дека државите членки покажуваат, како што вие го нарекувате, замор“.

Таквите чувства сигурно ги ценат во владата во Киев, заклучува Фајненшал тајмс, „но оваа реторика не може да ги плати сметките или да обезбеди залихи муниција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ