сабота, 19 октомври 2024

Фајненшал тајмс: ЕУ сака да собере 15 милијарди евра од замрзнатиот руски имот за Украина

Европската Унија на 12 декември ќе претстави план за издвојување на профитот остварен од замрзнатиот руски имот во ЕУ со цел на крајот да се соберат 15 милијарди евра во корист на Украина, јави Фајненшал тајмс.

Објавено на

часот

Сподели

Планот на Европската комисија претходно беше одложен откако неколку членки на ЕУ и Европската централна банка изразија правна и финансиска загриженост во врска со тоа.

„Важно е да се разгледа како можеме да го користиме рускиот недвижен имот и приходите од тој имобилизиран имот за поддршка на Украина“, кажа за новинарите извршниот потпретседател на Комисијата Владис Домбровскис.

Според изјавата на Дидие Рајндерс, комесар на ЕУ за правосудство, објавена на крајот на 2022, од почетокот на руската инвазија ЕУ замрзнала руски имот во вредност од околу 17 милијарди евра.

Откако Москва изврши инвазија на Украина во февруари, Западот замрзна околу половина, или повеќе од 300 милијарди долари, меѓународни резерви на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ