вторник, 22 октомври 2024

Европски сојуз за промени: Дали Палевски е вмешан во организација на случајот Монструм?

Европскиот сојуз за промени бара од Министерството за внатрешни работи и од правосудните истражни органи да излезат и јавно да ја информираат јавноста каде бил Љупчо Палевски познат под прекарот Палчо на 24 април 2012 година, денот кога се случи монтираниот случај Монструм? Ова прашање денеска го поставија лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити.
 

Објавено на

часот

Сподели

„Неодамнешните трагични случувања со убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец, отвораат дополнителни сомнежи за делата што главниот осомничен за организацијата на делото, Љупчо Палевски, познат по прекарот Палчо, беше вклучен и во другите монтирани случаи. Кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека главниот осомничен кој го изврши убиството на Вања, како и неговите соработници, работеле за моќни антизападни центри, тогаш логично е да се сомневаме дека истите организатори на убиството на Вања, се вмешани и во организацијата на случајот Монструм каде на грозоморен начин беа убиени пет млади момчиња. И сето тоа, во пресрет на верските празници, со цел преку меѓуетнички тензии да предизвикаат дестабилизација на општеството“, рекоа лидерите на партиите Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Од друга страна, како што беше изјавено, се бара од Министерството за правда и МВР, не само да ја заморуваат јавноста со изјави во кои се објаснуваат постапките за екстрадиција, туку да го истражат и конкретно да го наведат денот кога ќе биде екстрадиран од Турција главниот осомничен за организирање на убиството на Вања и Панче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ